ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски кажа дали би се загрозила безбедноста на државата ако останеме подолго во чекалницата на ЕУ

Ако извесен период, во иднина, не добиеме датум за преговори и ако останеме во чекалната на ЕУ подолг временски период, безбедносната дестабилизација на земјава нема да биде нарушена, рече претседателот Стево Пендаровски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес конференција со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

Advertisements

„Ова ви го кажувам со сета одговорност на функцијата која ја извршувам во моментот, затоа што ги имам сите релевантни разузнавачки и безбедносни информации, ако извесен период, во иднина, не добиеме датум за преговори и ако спорот со Бугарија не биде разрешен и останеме во ситуација во која ќе чекаме во чекалната на ЕУ подолг временски период, јас не верувам во тоа, но ако се случи, ве уверувам дека ниту денес има такви податоци, ниту утре може да дојдат такви податоци кои ќе укажуваат на безбедносна дестабилизација на Р. С Македонија“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button