ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пендаровски и Ковачевски „со дрва и камења“ по референдумот и по Мицкоски
Пендаровски и Ковачевски „со дрва и камења“ по референдумот и по Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ не може да бара поддршка за референдумот од власта во замена за изгласување на уставните измени, бидејќи овие две прашања се меѓусебно во судир. Вака оценува претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ја најавата на ВМРО-ДПМНЕ да иницира референдум.
Премиерот Ковачевски вели дека ваков референдум само ќе им штети на граѓаните.
И ДУИ има ист став. Од Алијанса за Албанците пак, велат дека тоа е прашање што ги засега македонските партии, но оти тие се залагаат за продолжување на евроинтеграциите.
Фатлуме Дервиши