ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски и Радев заедно патуваат во Рим на чествување на Светите браќа Кирил и Методиј

Претседателите на Македонија, Стево Пендаровски и на Бугарија, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим, откако тоа не го сторија минатата година поради влошената состојба со пандемијата на Ковид-19.

Advertisements

Поради здравствените протоколи на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, делегациите, предводени од двајцата претседатели нема да им оддадат почит на големите сесловенски просветители и основоположници на словенската писменост и литература, денеска, туку посетата е планирана за 26 и 27 мај.

Денеска, на 24 Мај на Денот на сеслосвенските просветители во Рим и Ватикан ќе престојува делегација на МПЦ-ОА, предводена од владиката Пимен, каде ќе чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, двете делегации ќе отпатуваат заедно во Италијанската Република на 26 мај, а на 27 мај претседателите Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век Папата Адријан Втори ги благословил азбуката и книгите напишани од Светите браќа Кирил и Методиј.

Делегациите на двете земји, предводени од Пендаровски и Радев заедно со бугарски авион, ќе патуваат за Рим. Претседателот Радев ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари ќе отпатуваат за Рим, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Според програмата македонската делегација, предводена од Пендаровски и бугарската, предводена од Радев ќе имаат одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button