ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски и Радев заедно во Рим, Амбасадата на САД од Скопје твитна: „Гледаме позитивен пат напред“

С. Македонија и Бугарија имаат за цел да продолжат со дијалогот за решавање на споровите што го закочија процесот на европска интеграција. Претседателите на двете земји, Стево Пендаровски и Румен Радев се во Рим на заедничко чествување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Advertisements

Заедничката посета во Рим за чествување на Денот на Светите Кирил и Методиј, претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев ја користат за да дискутираат за билатералниот спор кој го држи во заложништво почетокот на преговорите на земјата и ЕУ. Пред да тргнат кон Рим претседателите имаа кратка средба на аеродромот во Скопје по која изјавија дека и покрај тоа што преговорите се во надлежност на владите на двете земји, тие ја релаксираат атмосферата и ја обновуваат билатералната доверба преку дијалог на највисоко ниво.

На средбата на скопскиот аеродром, според Пендаровски, се разговарало за најновите случувања и состаноците во Брисел. Тој додаде и дека двете земји треба да ја вратат довербата и да зборуваат како пријатели. Бугарскиот претседател пак, наведе дека заедничкото чествување во Рим е одлична можност за враќање на дијалогот.

„Сметам дека заедничкото патување во Рим и почитта кон браќата Свети Кирил и Методиј е прекрасна можност да се обнови дијалогот меѓу нашите две земји на највисоко ниво и да се изрази заедничката волја за развој на нашите односи во духот на соработката и пријателството.“

За средбите меѓу двете земји се произнесе и Амбасадата на САД во Скопје. „Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија за унапредување на членството на Северна Македонија во ЕУ“, напиша на Твитер американската амбасадорка, Кејт Брнс.

Anesa Salihu

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button