ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: „Има консензус за Бугарите во Уставот, но…“

„Се случи пресврт во барањата на Софија“, вели претседателот Стево Пендаровски, во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Тој кажа дека Бугарија, за да даде зелено светло на преговарачката рамка, претходно инсистирала на комплетно преземање на бугарската историографија во македонските учебници и согласност дека македонскиот јазик бил на дијалект на бугарскиот до крајот на Втората светска војна.

Advertisements

„Сфаќајќи дека тоа не проаѓа, просто не е европска приказна, тоа не е европски аргумент, не е аргумент за Европа, не е аргумент за една демократска дебата, тие почнаа тогаш да зборуваат за Бугарите да бидат внесени во Уставот, како некаква гаранција за нивните права и нивниот статус тука во Северна Македонија“, рече Пендаровски.

Како што претходно наведоа од МНР, во моментов со Бугарија се разговара токму за тоа дали барањето за влез на Бугарите во Уставот ќе биде дел од преговарачката рамка со Брисел и кога овој услов би се исполнил.

Претседателот Пендаровски додава дека кај нас никој не е против внес на Бугарите во Уставот, но проблем е дали тоа би било последното барање на официјална Софија, особено додека траат преговорите за членство меѓу Скопје и Брисел.

„Во моментов не изгледа така, меѓутоа јас тврдам дека има речиси стопроцентен политички консензус меѓу власта и опозицијата, барем она што го слушам од јавните изјави на главните актери, да бугарската заедница биде внесена во Преамбулата на Уставот“, рече Пендаровски.

Пендаровски, како што рече, се надева дека спорот со Бугарија нема да доживее грчко сценарио и оти ќе трае со години. Тој денеска му беше домаќин на латвискиот колега Егилс Левиц, кој пак порача дека местото на државава е во Европската унија и Брисел треба да ги вреднува критериумите што ги исполнила земјава. Левиц се сретна и со премиерот Димитар Ковачевски, кој пак побарал Меѓувладината конференција да се одржи што е можно поскоро и нагласил дека прашањата со Бугарија треба да се решат по пат на дијалог и разбирање, надвор од пристапниот процес.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button