ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Испраќањето на амбасадори е според законска процедура

Пендаровски: Испраќањето на амбасадори е според законска процедура

ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Стево Пендаровски се со различни видувања за процедурата за испраќање амбасадори во странство. كيف يلعب البوكر Претседателот вчера реши да потпише указ за испраќање на пет амбасадори, меѓу кои и кандидатите за Брисел и Софија, Методија Белевски и Агнеза Руси Поповска, кои не беа сослушани во Собранието. Според Кабинетот на претседателот, не е прескокната никаква законска процедура. مراهنات اون لاين Оттаму велат дека претставувањето на експозето на кандидатите за амбасадори во Комисијата за надворешна политика не е законска обврска туку практика, а токму работата на оваа Комисија била неколкупати опструирана. Инаку, со Комисијата претседаваат пратениците од опозицијата.

Advertisements

„Од необјасниви причини, не се одржани седници на кои на кандидатите за амбасадори во Брисел и Софија ќе им биде овозможено претставување на тезите. مواقع كازينو За сите пет кандидати се исполнети законските услови за упатување, а имајќи ја предвид важноста дека Брисел и Софија се важни политички центри, претседателот потпиша указ за поставување и на овие амбасадори“,велат од  Кабинетот на претседателот.

На последното заседание во средата, со Комисијата претседаваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој седницата ја прекина без обраложение иако не беа до крај сослушани сите кандидати за амбасадори.

„Жалиме што претседателот Пендаровски одлучи да направи преседани и да не ги почитува законските одредби, односно да го прекрши член 39 од Законот за надворешни работи и да донесе Укази за амбасадори кои сè уште не стигнаа да се претстават на веќе започнатата седница на Комисијата за надворешна политика. Овие преседани говорат за неговиот однос кон Собранието и законите“, изјави Драган Ковачки – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата за надворешна политика претходно беше предмет на полемика меѓу шефот на дипломатијата Османи и Антонио Милошоски кој претседава со комиисијата, токму за амбасадорите. Османи неколкупати јавно го повикуваше Милошоски дека не ја свикува седницата за сослушување на амбасадори иако голем дел на дипломатски претставништва со години беа празни./Alsat.mk

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button