ВЕСТИ

Пендаровски: Изјавата за „27 април“ не е мешање во судството

Претседателот Стево Пендаровски вели дека немало негово мешање во судските одлуки кога во свој коментар, минатата недела, во гостување на телевизиска емисија, рече дека ако има нови докази судењето за настаните од 27 април би можело да се повтори.

„Јас немам политички став за судски процес што е во тек, туку за процес што е завршен. Второ, нема мешање во работата на судството оти во мојата изјава јас цитирам одредба од Кривичниот законик која овозможува повторување на процесите“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button