ЕКОНОМИЈА

Пендаровски ја претстави рамката за развој 2030

Забрзан економски раст, заштита на животната средина и енергетска политика, забрзување на дигиталната трансформација и промовирање на дигитална економија и образованието, се четирите приоритети на Рамката за развој „МКД 2030“ којашто денеска беше промовирана од претседателот Стево Пендаровски.

Advertisements

Оваа рамка според Пендаровски треба да биде вградена во Национална стратегија за развој во следните 20 години која ќе помогне држвата да обезбеди подбра иднина за следните генерации. Во изработката на стратегијата учествуваа 60 организации и поединци од граѓанските здруженија, претставници на МАНУ, на стопанските комори, на медиумските и на младинските организации.

„Во 2020 година околу 21.8% од населението живеело под прагот на сиромаштијата, што е двојно повисоко споредено со просекот на Европската Унија. Поради комбинираните ефекти на здравствената, енергетската и економската криза, таа бројка денес е повисока. Овие четири приоритети се меѓузависни и подеднакво важни за развојот на Северна Македонија и затоа треба да се имплементираат, истовремено, без нивно рангирање“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button