ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски кажа дали во земјава постои анти – ЕУ и анти – НАТО пропаганда

Постојат активности и пропаганда кои се насочени против нашите интереси, но надлежните државни институции, во соработка со НАТО, успешно ги оневозможуваат, рече претседателот на државата, Стево Пендаровски, по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност.

Advertisements

„Постојат активности насочени кон нашата држава, кои не се во склад со нашите национални и државни интереси, кои се обидуваат тоа да го поткопаат, постојат здружени активности и напори на нашите институции да го неутрализираат и оневозможат тој пробив и мислам дека до овој момент, со поддршка од нашите сојузници од НАТО, ние сме успешни во таа смисла“, рече Пендаровски.

Како што додаде тој, пропагандата и активностите против ЕУ и НАТО започнале по референдумот за промена на името во 2018 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button