ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски ќе ја ангажира Армијата во обезбедувањето на јужната и северната граница

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштуваат дека одлуката е донесена врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19, како и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба.

Според Одлуката на Владата  кризната состојба ќе трае најмногу 30 дена, почнувајќи од 1 април 2021 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button