Пендаровски не го потпиша законот за игри на среќа
Пендаровски не го потпиша законот за игри на среќа

Претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на законот за игрите на среќа. Во анализата на претседателот на одлуката за враќање на нацрт-законот на трето читање, се наведува дека знамето на ЕУ е злоупотребено.
„Измените и дополнувањата на законот се донесени преку несоодветна употреба на забрзаната процедура за усогласување на нашето законодавство со правото на Европската Унија, популарно позната како „процедура со европско знаменце“, во ситуација на отсуство на суштинско „аки“ (задолжително право на ЕУ) во областите што ги опфаќа овој Закон и фактот дека Законот не наведува дури ни лимитирано „ЕУ аки“ што може да биде релевантно“, рече Стево Пендаровски, претседател.
Одлуката на Пендаровски била донесена и во консултација со делегацијата на ЕУ.
„Одлуката е донесена врз основа на детална анализа на текстот на законот и постапките по кои е донесен овој закон, вклучувајќи ги и консултациите направени со Делегацијата на ЕУ како наш најважен партнер во преговарачкиот процес“, додаде Стево Пендаровски, претседател.
Шефот на државата повикува на сеопфатен процес во третото читање, и им сугерира на партиите предлогот да не се носи со знамето на ЕУ, туку во редовна процедура. Предлог-законот за игри на среќа предизвика реакција на здруженијата и асоцијациите од оваа индустрија. Нивните обвинувања беа дека државата го презема монополот со намера да ги злоупотреби за лична корист. Неколку дена пред текстот на законот да биде доставен до Собранието, Владата донесе одлука за формирање на четири акционерски друштва кои ќе ја контролираат и имплементираат индустријата на игри на среќа. Опозицијата ја обвини
Владата дека со предложените одредби, контролата на игрите на среќа се дава на подземјето, додека власта дека со предложениот закон покрај отстранувањето на казината од училиштата и верските објекти, се зајакнуваат и условите за пристап до игрите на среќа и онлајн игрите на среќа./Алсат.мк
Адриан Керими