ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски не очекува официјална Софија да го смени ставот кон Скопје и по изборите

Шефот на државата не очекува позицијата на Софија да се смени по изборите напролет, но сепак е оптимист дека Брисел ќе помогне да се најде формулација што нема да го наруши правото на самоопределување. Според претседателот Пендаровски, навредливо е што Софија само делумно го признава ова право на Македонците, велејќи дека тие сега се Македонци, но дека не биле пред 1944-та година.

Advertisements

Во интервју за ТВ Клан, Пендаровски го коментираше барањето на Софија за одрекување од македонското малцинство во Бугарија, велејќи дека земјата направила таква отстапка пред неколку децении.

Ден претходно бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов ги повика Македонците да го прекинат говорот на омраза кон Бугарите, велејќи дека тие се еден народ. Скопје и Софија разменија акциски планови во рамките на подготовките за меѓувладината конференција, но датумот на состанокот сè уште не е утврден.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button