ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Нема правда ако зад решетки не видиме вистински политичари, судии и обвинители

Кога довербата во институциите е на ниско ниво, демократијата е во сериозна опасност, им порача претседателот Стево Пендаровски на пратениците од собраниската говорница во својот говор за крајот на годината. Тој испрати порака државата да ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип и да ги врати украдените пари. Нема правда ако зад решетки не видиме вистински политичари, судии и обвинители, рече Пендаровски.

Advertisements

Корупцијата, рече шефот на држава, е клучната причина за повеќедецениските и недовршените реформи, а со тоа и политичкиот клиентелизам. Тој додаде дека недостатокот на владеење на правото продолжува да влијае на демографијата и тоа е најголемиот ризик за националната безбедност.

Претседателот во својот говор зборуваше и за уставните измени. Тој рече дека евроинтеграциите го надминуваат интересот на секоја сила.

Пендаровски рече дека никој не може да гарантира дека во преговарачкиот процес нема да има други барања.. Побара вклучување на експерти и на опозицијата во овој процес.

Во насока на борба против дезинформациите и манипулациите со граѓаните, претседателот Пендаровски ја истакна потребата од медиумско образование во основното и средното образование. Тој порача дека политичарите имаат обврска да не ги оставаат граѓаните без надеж за подобра иднина. За време на говорот на претседателот во Собранието, не беа присутни ниту двајцата поранешни претседатели, ниту лидерот на македонската опозиција Мицкоски, туку беа присутни дипломатскиот кор и раководители на повеќе институции.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button