ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пендаровски: Ниту еден политичар на локално или централно ниво не е одбиен од НАТО за безбедносен сертификат

До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати, а уште стотина се во процедура да добијат. Ниту еден политичар на локално или централно ниво нема добиено негативно решение, вели претседателот Стево Пендаровски.
-Не е точно дека само Пендровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат, истакна Пендаровски во гостување во емисијата Стадион на радио Канал 77.
Тој посочува дека ниту еден политичар не добил негативно решение, или формално бил одбиен од НАТО.