МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Ниту најголемите демократии немаат усогласени учебници по историја

Бугарската страна го заобиколи договорот од 2017 година и наметна свои критериуми, вели претседателот Стево Пендаровски во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат. Како што вели тој, Комисијата за историја требало да најде имиња кои би можеле заеднички да се чествуваат, а не да биде услов за влез во ЕУ.

Advertisements

„Најголемите демократии, еве, Франција и Германија..заблуда е ако некој мисли, мит е, не е точно, дека тие, откако заврши Втората светска војна, седнале, направиле заедничка историја во која веруваат, се согласиле околу сите спорни точки. Ви тврдам, во Франција и Германија нема усогласен учебник во основно или во средно или на факултети во кои за ’41-ва, ’42-ра, ’45-тта се зборува со ист јазик. Но, што е спорното – немојте како критериум за влез во ЕУ во 21. век да наметнувате што се случувало во 11. век. Бугарската страна го измести наративот и го заобиколи нашиот билатерален договор, во кој не пишуваше дека историската комисија и слогата таму ќе биде услов за наш влез во ЕУ. Комисијата имаше задача да најде имиња и настани кои може заеднички да ги чествуваме и да даде препорака до двете влади “, вели Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button