ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски одговори на ДУИ: Забелешките од Брисел не се приказни за мали деца

Владата е информирана за забелешките на Брисел за употреба на знамето на ЕУ во предлогот на Законот за коцкање, но извршната власт реши овој факт да го премолчи. Претседателот Стево Пендаровски, кој одби да го потпише указот за прогласување на законот за игри на среќа, рече дека Владата била алармирана од Европската комисија за злоупотреба на еу знамето но продолжила со предлогот до одобрување.

Advertisements

На обвинувањата на ДУИ дека Пендаровски е против затворање на казината и дека оправдувањето за непотпишувањето се приказни за мали деца, шефот на државата одговори со став на Брисел.

Од ДУИ вчера образложението на Пендаровски да не го потпишува законот, го оквалификуваа како „приказна за мали деца“, додавајќи дека нема да се откажат од битката, за донесување на овој закон. Вицепремиерот Артан Груби рече дека одлуката на Пендаровски е жална и го обвини дека зазел став против затворањето на обложувалниците и казината. Всушност, законските одредби не предвидуваат нивно затворање, туку дистанцирање од училишни и верски објекти како и регулирање на контролата на индустријата преку акционерски друштва кои пред предлогот на законот беа формирани со одлука на Владата. .

Aдриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button