МАКЕДОНИЈА

Пендаровски – Пахор: Деблокадата на Северна Македонија е предуслов за стабилноста на регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид се сретна со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, кој учествува на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ при што разговарале за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, што, се посочува, се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа.

Advertisements

Како што соопшти владината прес-служба, двајцата претседатели разменија мислења за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Посакувајќи успех на претстојното шестмесечно словенечко претседателство со унијата, претседателот Пендаровски, се наведува, изрази очекување тоа да донесе придвижување во однос на интегративниот процес за земјите од Западен Балкан.

-Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е позитивен пример во изнаоѓањето на решенија за внатрешните предизвици и отворените прашања со соседите и посочи дека деблокадата на нејзиниот интеграциски пат е еден од важните предуслови за просперитет и стабилност на државата, но и на регионот пошироко, стои во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button