ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пендаровски: Правосудството не успеа да стане независно од центрите на моќ

„Правосудството подолу не може да биде“ – ова е оценката на претседателот Стево Пендаровски во интервју за неделникот „Фокус“. Според него проблемите во оваа област се провлекуваат три децении и правосудството никогаш не станало независно од центрите на политичка и на економска моќ.
„Ја етаблиравме, политиката на неказнивост. Не постои висок функционер што завршил во затвор додека „неговите“ се на власт, нема судија и обвинител што завршил во затвор во време кога е перцепиран како судија од „нашите“ тефтерчиња“, вели Пендаровски.
Шефот на државата во интервјуто додава дека според неговите проценки олигарсите во Македонија се повлијателни и полесно влијаат во судството отколку актуелните политичари.