МАКЕДОНИЈА

Пендаровски се сретна со командантот на Копнените сили на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими командантот на Копнените сили на САД за Европа и Африка генерал Кристофер Каволи.

Advertisements

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, беше изразено задоволство од севкупна билатерална соработка меѓу државава и САД, особено во сферата на одбраната.

Претседателот Пендаровски истакна дека САД се клучен сојузник и поддржувач на нашата држава од нејзината независност и дека Северна Македонија особено ги цени односите со САД, како нејзин стратешки партнер. Членството во НАТО, истакна претседателот Пендаровски, дава дополнителна можност за зајакнување на партнерството.

Пендаровски посочи на долгогодишната посветеност на земјава и нејзината Армија, преку континуирана соработка со САД да дава придонес во меѓународните мировни операции, вклучувајќи ги реализираните мисии во Ирак и во Авганистан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button