ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пендаровски со коментар за крстот на Шапка

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го коментираше поставувањето на крстот на Попова шапка Запрашан за наводното разгорување на тензиите, тој рече дека меѓуетничките тензии можат да се потхрануваат само ако политичките актери на претстојните избори имаат интерес да ги употребат за политички поени. Тој додаде дека меѓуетничките односи во земјата може да се влошат и тоа е, како што рече, последното нешто што ни треба покрај сите проблеми. Според него, ниту една политичка тензија во меѓуетничките односи не може да ја дестабилизира државата, но е лоша како политичка практика поединци или политички субјекти да добијат политички поени.