ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Со новите методи за членство, расте евроскептицизмот

Претседателот Стево Пендаровски ја правда промената на ставот околу влегувањето на амандманите во Собрание. Иако претходно сметаше дека треба однапред да се обезбедат две третини од гласовите, Пендаровски сега размислува поинаку. Тој во интервју за Слободна Европа вели дека граѓаните треба да видат дека околу оваа тема има два посебни блока.

Advertisements

Пендаровски признава дека се исклучително мали можностите опозицијата да се предомисли и да ги поддржи уставните измени според сегашната рамка со Бугарија, но дека тоа мора да се тестира. Според Пендаровски, ЕУ направи стратешка грешка што го изостави регионот, особено Македонија, по сите компромиси што ги направи. Тој директно ги критикуваше ЕУ и САД за нивниот пристап кон Северна Македонија.

Пендаровски рече дека е болно да се слушаат критиките од меѓународните и тие се понижувачки кон сегашните функционери како и кон претходнте. Пендаровски вели дека не верува во нови форми на здружување и зачленување во ЕУ и додадва дека граѓаните на земјата се уморни од новите од новите методи, што е и причина за евроскептицизмот во земајва.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button