ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Со пролонгирање на евроинтеграцијата се разнишува кредибилитетот на Европската Унија

Искрено се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на Европската Унија конечно ќе го исполнат своето ветување од март 2020, кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најбрз можен рок да почнат пристапните преговори со Северна Македонија, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателот на на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид.

Шефот на државата смета дека посетата на Мишел  во овој, како што рече, турбулентен период за Европа и за светот, на само неколку дена пред јунскиот самит на ЕУ, укажува на потребата од координација на чекорите меѓу Балканот и Унијата во очи на нужноста од решителни и принципиелни одлуки.

-Денес разговаравме за тоа дека со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја членка кон земја кандидат за членство од билатерални причини не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од западниот Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување и да прерасне во опасен преседан кој ќе стави крај на овој процес кој, инаку, со години беше сметан за најдобра надворешна политика на Унијата, истакна Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button