ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Списокот за помилување повлечен по барање на Министерството за правда

Списокот со имиња за помилување на осуденици е повлечен по барање на Министерството за правда и се очекува тој повторно да биде пратен кај Кабинетот на претседателот, рече шефот на државата, Стево Пендаровски. Како што кажа тој, комисијата за помилување би се состанала за период од околу една недела по добивањето на финалната верзија.

„Само од нив зависи кога повторно ќе го враќаат кај нас, ќе го пратат ревидиран и само од тоа зависи, кога ќе го добиеме колку брзо ќе ја закажеме комисијата за помилување“, рече Пендаровски, додавајќи дека по добивањето на списокот, одлуката би се донесла за околу една недела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button