ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски во официјална посета на Црна Гора

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Тој во Подгорица со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели, соопштија од кабинетот на шефот на државата.

Во рамки на посетата, Пендаровски ќе има средби и со премиерот Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора. Утре во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button