ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски за euronews.albania: Албанец може да биде претседател на државата, но…

Албанец може да биде на функцијата претседател на државата, но мора да ја има и поддршката од сите етникуми, одговорил претседателот на државата Стево Пендаровски, во интервју за euronews.albania на прашањето за можноста Албанец да ја преземе функцијата претседател на Северна Македонија.

Според него, етнички Албанец не може да биде шеф на државата без гласовите на сите етникуми.

– Избран бев благодарение на гласот на сите гласачи од сите етникуми, вклучително и на Македонците кои го сочинуваат најголемиот број во државата, се разбира. Значи тоа се избори на национално ниво. Зошто да не биде Албанец претседател, но мора да има поддршка од македонскиот и другите неалбански етникуми. Етнички Албанец не може да биде претседател на Република Македонија без гласовите на сите етникуми, рекол тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button