Пензионери: Цела година даваме предлози за покачување на пензиите

Повеќе од една година пензионерите чекаат нивното барање за усогласување на пензиите со просечната плата да биде ставено на дневен ред на владата. Куповната моќ им е се послаба, а трошоците се поголеми се жалат пензионерите. Бараат што е можно поскоро да се донесе одлука пензиите да пораснат во однос на растот на платите и животните трошоци.
„Повеќе од година дена даваме иницијативи и предлози, да имаме законско усогласување, кое ќе биде базиранo и со порастот на просечната палта, но не повеќе од 5% и со порастот на трошоците на живот. На тој начин би се постигнал баланс на пензиите.“ Имавме позитивен одговор од власта, размислуваат за промена на формулата за усогласување на пензиите, но од кога точно не ни кажале“, велаат од Здружение на пензионери.
Од владата велат дека најдоцна до следниот месец ќе започнат преговорите за промена на моделот на пресметка на раст на пензиите. Тврдат дека планот на владата е пензиите да растат, колку и кога тоа ќе се случи ќе биде одлучено на јавната расправа помеѓу засегнатите страни. Од ПИОМ пак додават дека пензискиот систем е стабилен и во иднина може да издржи посериозно зголемување на пензиите.
„Приходите по основ на придонес за пензиско и инвалидско осигурување во 2021 година се зголемени за 6,3 проценти во споредба со 2020 година. Фондот нема долгови и редовно ги финансира сите свои обврски. Редовно вршиме уплата на здравствено осигурување за корисниците на пензија, а воедно водиме грижа и за идните пензионери и редовно вршиме уплата во приватните пензиски фондови“, Билјана Јовановска директорка на ПИОМ.
Според официјалните информации во земјава има 328 570 пензионери. Со јануарското усогласување најниската пензија изнесува 10 791 денари. Највисоката пензија пак е во висина од 59 674 денари. Просечната пензија изнесува 16 336 денари. Соодносот на пензионери-осигуреници според информациите на ПИОМ Е 1,8 вработени уплаќаат пари во фондот за еден пензионер да добива пензија./Алсат.мк
Иле Петревски