ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Пензионерите на протест – најниската пензија да се изедначи со минималната плата

Пензионерите продолжија со караванот протести и во Скопје. Стотина пензионери денеска напладне се собраа пред Собранието за да го изразат својот револт. Нивните барања се што побрзо да се зголеми минималната пензија која во моментов изнесува 12 илјади денари и да се изедначи со минималната плата. Второто барање е зголемувањето на пензиите да се прави линеарно за 3.500 денари а не процентуално. Тие велат дека покачување треба да има за сите пензионери без разлика колкави им се пензиите зашто цените поскапеа за сите и тие не успеваат да го покријат месецот.

По протестите во повеќе градови во земјава, организаторот Сузана Шкоф изјави дека на 14 август ќе се организира сеопфатен протест на пензионерите, кој повторно ќе се одржи во Скопје.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека пензионерите се приоритет на Владата. Од таму додадваат дека Владата одобрила низа мерки за помош и поддршка на пензионерите во време на криза. Предлозите од пензионерите се на маса, се разговара и наскоро ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети кои во иднина ќе обезбедат достоинствен живот на пензионерите, се вели во соопштението на Министерството.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button