ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пензионираните пилоти на „ертракторите“ повторно ангажирани за гаснење пожари

Двајцата пензионирани пилоти на „ертракторите“ од вчера повторно се на располагање на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) откако потпишаа договор за ангажман со институцијата.
Од ДЗС велат дека со ангажирањето на пилотите авионите на Дирекцијата ќе бидат оперативни за гаснење на пожарите на отворено.

„В.д. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вчера потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота за противпожарни авиони ’ертрактор’, Стоје Арсовски и Васко Михалчев“, информираа денеска од ДЗС.
Од Дирекцијата, исто така, велат дека вториот авион на ДЗС се очекува за кратко време да биде вратен од редовниот сервис во Австрија.