СПОРТФУДБАЛ

Пепе, официјално е највозрасниот играч на Eвропските Првенства

Одбранбениот играч на Португалија, Пепе, официјално е највозрасниот играч кој се појавил на европските првенства. Со своите 41 години и 113 дена, тој го подобри рекордот на Унгарецот Габор Кирали, кој бранеше на ЕВРО 2016 при поразот со 0-4 од Белгија.

Advertisements

Покрај тоа, Пепе учествува на Европско првенство по петти пат, со што се израмни на второто место во класификацијата со Хрватот Лука Модриќ. Лидер тука е друг Португалец – Кристијано Роналдо, за кој ЕВРО 2024 е шесто учество на форумот на Стариот континент.

Покрај тоа, Роналдо и Пепе го држат водството по најмногу одиграни натпревари на европски шампионат. Роналдо има учествувано во вкупно 26 натпревари, додека неговиот колега има учествувано во 20.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button