ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Перински: Дигитализација на општините во рок од две години

До крајот на неделата се очекува 6-те министерства да дадат отчет за тоа кои проекти од 358-те апликации на владиниот повик за доделување 100 милиони евра ќе бидат прифатени, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински на прес-конференција за 100-те дена владеење. Перински нагласи дека периодов биле ангажирани во реализација на проекти од инфраструктура, екологија, енергетика.

Advertisements

Тој рече дека во следниот период фокусот ќе биде да се дигитализираат општините во рок од две години, поточно да се ажурираат податоците за даночните обврзници. Ќе се отвори и прашањето за одобрување на новиот закон за локална самоуправа, кој е стар повеќе од две децении. Перински, беше пофален што периодов отворил платформа за комуникација со граѓаните, преку која може да се презентираат секојдневните проблеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button