МАКЕДОНИЈА

Пешак тешко повреден по удар од возило во Тетовско

На регионалниот пат Тетово – Јажинце, пред влезот за тетовско Одри, вчера, во 15 часот, патничко моторно возило „тојота“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувала 37-годишната Х. Р. Б. од тетовски Порој, удрило во пешакот Ш. Ќ. (33) од Одри.

Advertisements

Притоа пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button