
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека нацрт-мировниот договор за кој Русија и Украина разговараа во Истанбул во 2022 година може да биде почетна точка за решавање на конфликтот во Украина.
Песков рече дека и од Вашингтон пристигнале изјави во кои се споменува можноста Истанбулскиот договор да стане основа за преговорите меѓу Русија и Украина, пренесе РИА Новости.
Претходно рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака брзо да постигне мирно решение во Украина. Тој истакна дека нацрт-истанбулскиот мировен договор не само што содржи одредби за политичко решавање на конфликтот, туку предвидува и безбедносни гаранции без потреба од испраќање странски војници во Украина.