СВЕТ

Песков: Европа ќе мора да изгради „нова безбедносна архитектура“

Европа ќе мора да изгради „нова безбедносна архитектура“, а тоа ќе бара многу напор во контекст на промените во светот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Advertisements

„Очигледно, поради фактот што безбедносната архитектура на Европа брзо се менува, неопходно е да се изгради нова безбедносна архитектура за Европа, така што во иднина ќе треба многу напор“, изјави Песков, пренесен од руските медиуми.

Тој истакна дека во моментов се менува целиот систем на меѓународни односи.

„Обновувањето на европската безбедносна архитектура ќе стане прашање за загриженост за Русија“, оцени Песков, бидејќи, како што наведе, таа треба да ги обезбеди своите интереси во оваа област и усвојување на соодветен систем на безбедносни гаранции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button