ВЕСТИСВЕТ

Песков: Кремљ позитивно ја оценува подготвеноста на Зеленски да преговара за мир

Кремљ позитивно ја оценува подготвеноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски да преговара за мир, што тој го изрази во писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Advertisements

Тој, сепак, потсети дека указот што претходно го потпиша Зеленски, со кој се забрануваат преговори со Москва, сѐ уште е во сила, пренесува Танјуг.

„Ние имаме позитивен став. Прашањето е со кого да седнеме (на преговарачка маса). Засега останува на сила законската забрана за украинскиот претседател да води преговори со руската страна. Значи, генерално гледано, пристапот е позитивен, но нијансите сѐ уште не се променети“, оцени Песков.

Трамп, во своето обраќање пред Конгресот во вторникот, рече дека Зеленски му испратил писмо во кое ја изразува својата подготвеност да преговара за мировно решение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button