
Русија е подготвена да го поздрави секое посредување во преговорите за постигнување мир во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Подготвени сме да го поздравиме секој напор за посредување“, изјави Песков за РИА Новости.
Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција во Астана минатата недела потврди дека Русија е подготвена да преговара со Украина под условите што тој претходно ги наведе, наведува руската агенција.