СВЕТ
Песков: Русија сè уште чека Украина да предложи датуми за нова рунда преговори

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија сè уште чека украинската страна да предложи датуми за нова рунда директни преговори.
Тој рече дека Москва ќе ги објави договорените датуми штом ќе ги добие, објави ТАСС.
Песков потсети на претходните договори за размена на затвореници според формулата „1.000 за 1.000“ и враќање на тешко болни и млади затвореници.