СВЕТ

Песков: Средба Путин-Трамп е неопходна, но сè уште не е планирана

Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп е неопходна, но Путин нема планирано патувања на Блискиот Исток, каде што Трамп планира да патува, за средината на мај, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Advertisements

На прашањето од новинарите да ги оцени коментарите на Трамп дека можеби ќе размисли за средба со Путин за време на патувањето во Саудиска Арабија овој месец, Песков рече дека иако Путин не планирал патување на Блискиот Исток, „таа средба очигледно е на усните на сите“, објави РИА Новости.

„Мораме соодветно да се подготвиме. Ова бара напори на различни експертски нивоа, вклучително и континуирани контакти меѓу Москва и Вашингтон“, рече Песков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button