СВЕТ
Познато кога ќе се одржи телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп

Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се одржи денеска во 17:00 часот по руско време, потврди денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави ТАСС.
Во сабота, на 17 мај, Трамп објави во објава на платформата TruthSocial дека ќе разговара телефонски со Путин денес, во 10:00 часот по локално време во Вашингтон.
Американскиот претседател рече дека „темите на дискусија ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ кое убива просечно повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно и трговијата“.
Според средноевропско време разговорот помеѓу двајцата претседатели ќе се одржи во 16:00 часот.