ВЕСТИСВЕТ

Песков за средбата меѓу Путин и Бајден: Не треба да се има големи очекувања

Не треба да имаме премногу големи очекувања од претстојниот разговор меѓу претседателите на Русија и Соединетите држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден. Но, дури и почетокот на нивниот дијалог е позитивен чекор, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Advertisements

„Имајќи предвид колкав е потенцијалот на нашите несогласувања, па дури и некои конфликтни моменти во нашите билатерални односи, нема причина да се очекува некаков напредок во постигнувањето договор. Но, понекогаш е корисно да се согласиме дека не се согласуваме“, изјави Песков.

Тој додаде дека меѓусебното почитување и ценењето на заедничките интереси се предуслов за подобрување на односите меѓу Русија и Соединетите држави. Спротивно на тоа, обидите за диктат и менторство се осудени на неуспех и можат да го нарушат слабиот интензитет кон воспоставување дијалог.

Лидерите на Русија и САД ќе се состанат на 16 јуни во Женева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button