Пет години се реконструира улицата Тоска во Тетово- и крајот не се гледа
Пет години се реконструира улицата Тоска во Тетово- и крајот не се гледа

„Има повеќе од пет години откако почна да се гради овој пат, кој жителите го чекаат повеќе од три децении. Работите започнаа и останаа на половина, оставени се како што ги гледате зад мене, а надлежните си ја префлуваат вината. Општината ја фрла вината кај фирмата, а оваа пак кај општината, па дури и се тужат меѓусебно, додека жителите страдаат од прашина, кал и нечистотија на овој пат. “
„Не, не можеме ни прозорец да отвориме, ништо. Како прво, здравјето ни го оштетува. Прашина имаме ден и ноќ без престан. Потоа и културата на возачите е нула. Гледаат каков е патот не ја намалуваат брзината. Ова е вака месец и половина, а почна да се гради од 2001 година, ништо не е направено, ДУИ влезе и тие не направија ништо, сега презеде Билал го среди овој дел малку, но повторно остана на половина“, рече еден жител.
Од општината велат дека компанијата што го гради патот ја одолговлекува работата. Велат дека им испратиле писмена забелешка.
„Започната е постапка согласно закон и договорот, за преземање на потребните мерки за одолговлекување на изградбата на булеварот Благоја Тоска. Надзорниците беа на терен и констатираа доцнење во работата, и соодветно на тоа ќе бидат преземени мерки. Првично, на претпријатието му беа изречени вербални забелешки, а сега и забелешки со допис, дека работата не оди според динамиката. Доколку по издавањето на забелешката не се преземат мерки, ќе бидеме должни да го раскинеме договорот“, изјави Бесарта Рамадани. Портпаролка на ОПШТИНА ТЕТОВО.
Раководителот на компанијата „Анра“ која го гради патот вели дека при реализација на проектот наишле на некои законски пречки кои, брзо, треба да се надминат и работите да продолжат.
Башким Сулејмани