МАКЕДОНИЈА

Пет и пол години затвор за силување малолетничка

Вкупно 33 година затвор изрече судијката Даниела Димовска за 11 лица осудени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал со малолетничка. Осудените лица се на возраст од 20 до 32 години. Според обвинението, петмина се обвинети за трговија со дете, шест лица за полов напад и силување, а едно лице доби пресуда за снимање порнографија. Највисоката казна која беше изречена денеска е 5 години и шест месеци затвор. Останатите добија по 4 години затвор.

Advertisements

„Судот во целост го прифаќа диспозитивот на обвинението и обвинетите ги прогласува за виновни. Диспозитивот нема да се објавува јавно со цел да се заштита податоците на детето-жртва кое имало 15 години кога се случил настанот“, рече судијката Димовска.

Адвокатите на осудените лица се незадволни од пресудата.

„Судечкиот судија наведе дека јас сум дал алиби каде обвинетиот се наоѓал во време и место за време на извршување на кривичното дело. Значи еден човек не може да се наоѓа и во Скопје и во Велес и затоа ќе ги искористиме сите можни правни лекови од почетокот на давањето на пресудата до сите можни инстанци на крајот на денот да докажеме дека мојот властодател не е виновен“, рече адвокатот Сашо Дуковски.

„Ние цело време го дискредитиравме нејзиниот живот, личноста, затоа што тоа ни беше многу битен елемент“, рече Душко Јанковиќ, адвокат.

Застапникот на малолетното девојче не излезе пред јавоста да каже дали ќе ја обжали пресудата со оглед на висината на казните. Судскиот процес започна лани и јавноста беше исклучено од него, за да се заштитело девојчето. Првоосомничен е 25-годишен велешанец, кој од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button