ВЕСТИЗДРАВСТВО

Пет каснати од змии во Прилеп, тројца биле испратени на скопските клиники

ет каснувања од змии биле пријавени во прилепската болница во изминативе две-три недели. Пациентите биле каснати на полињата каде што работат полски работи, но за среќа немало фатални последици, објаснува за МИА д-р Даниел Аврамоски, началник на итната медицинска помош во Прилеп.

Advertisements

„Паниката е многу поголема од здравствениот проблем. Битен е првичниот одговор на лекарот. Кај пациентите каснати од змии, за среќа, немаа фатални компликации. Се препраќаат на инфективното одделение, три случаи пративме на клиниките во Скопје. Беа во добра здравствена состојба, се дава серум, се снаоѓаме. Во Прилепско најмногу ја има отровната змија поскок, но битно е пациентот да не паничи и да даде вистински одговори за да реагираме. Има и каснувања од крлежи“, објаснува Аврамовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button