МАКЕДОНИЈА

Пет пожари на отворено во регионите на Скопје, Охрид и Неготино

Пет пожари на отворено за 24 часа евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изминатото деноноќие во скопскиот регион се гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на селото Миладиновци, како и запалено ѓубре во атарот на село Сарај. Во Охридскиот регион се интервенирало на запалено ѓубриште во близина на комплексот „Набизи“. Пожарникарите од Неготино имале две интервенции – гаснеле запалено жито на површина од околу два декара во атарот на село Пепелиште и запалена ниска вегетација во месноста „Криволак“.

Од ЦУК информираат дека на територија на општина Берово, вечерва од 22 часот до пет наутро, ќе се спроведе првата фаза од дезинсекција – прскање од земја за уништување комарци на зелените површини, како и по течението на реките и водотеците. Пчеларите во Беровскиот регион, пожелно е навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на нивните пчели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button