Пет седници на Собранието и заседание на Законодавно-правната комисија

Собранието денеска ќе одржи пет седници, 82-та, како и продолженија на 50-та, 57-та, 71-та и 79-та. На 82-та седница на дневен ред се предлог-законите за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО. Меѓу точките на дневен ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба, како и на Законот за извршување на санкциите. На 50-та седница, треба да се разгледаат предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026, предлог-законот за лековите и предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство. Остануваат уште две неразгледани точки од дневниот ред на 57-та седница, односно предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и предлог-законот за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја.