МАКЕДОНИЈА

Петар Богојевски е нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Петар Богојевски е новиот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Advertisements

Тој доаѓа на местото на Марко Ѓоргиевски.

Богојевски е лидер на Македонски концепт, коалициски партнер во власта.

Тој на својот Фејсбук профил ја потврди информацијата.

-Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите, напиша тој меѓудругото на Фејсбук..

Најголем дел од парите со кои располага Агенцијата се од програмата на Европската унија „Еразмус+“, која е наменета за поддршка во образованието, обуката, младите и спортот.

Институцијата доделува и средства за проекти што овозможуваат соработка и размена на студенти и кадар меѓу партнерски универзитети во Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button