ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Петков: Бараме ЕУ да биде гарант на евентуалниот договор

Брисел би можел да дава гаранции за спроведување на евентуалното решение што би го постигнале Скопје и Софија. Одговарајќи на новинарско прашање, бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека се преговара дали и што од отворените политички прашања да влезе во преговарачката рамка на земјава со Европската унија. Според него, клучно е прашањето за влезот на бугарското малцинство во Уставот.

Advertisements

„Единствениот начин да имаме вистински попис, кој ќе ги опфати сите Бугари во Република Северна Македонија е кога во нивниот Устав… а ние треба да можеме во заедничките преговори, во која фаза точно треба да видиме дали пред првиот кластер или сега…да ги внесеме колективните права на Бугарите и тогаш пописот ќе биде многу полесен“, рече Петков.

Петков додава дека прашањето за евроинтегративниот процес на Македонија веќе станува значајно геополитичко прашање, поради случувањата во Украина, но брзината во преговорите зависи од постигнатите резултати. Тој верува дека резултати ќе има многу скоро.

„Имаме јасни нешта кои треба да се исполнат: кога ќе се отворат архивите од двете страни, да чуеме Историската комисија за што постигнала договор, да видиме каков е механизмот против говорот на омраза, да видиме што ќе внесеме во европската потенцијална преговарачка рамка, која всушност би направила Европската унија да е гарант за нештата кои се важни за нас“, додаде Петков.

Тој повтори дека во работата на Историската комисија има огромен прогрес, но дека исходот ќе го споделат историчарите. Тие денеска во Скопје повторно седнаа на заедничка маса, овој пат во Министерството за надворешни работи, иако досега средбите се одржуваа во Клубот на пратениците. Што договориле би се знаело утре, а на дневен ред се забелешките за средновековниот период во македонските учебници, вклучувајќи го и Цар Самоил, како и заеднички текст за чествување на Гоце Делчев. Ко-претседавачот Драги Ѓоргиев истакна дека работата сега се одвива во далеку поконструктивна атмосфера од претходно.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button