ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Петков: „Би било ужасно Албанија да продолжи кон ЕУ, а Македонија да заглави“

Петков: „Би било ужасно Албанија да продолжи кон ЕУ, а Македонија да заглави“

Премиерот на Бугарија во заминување, Кирил Петков, му препорача на Скопје да донесе одлука за да оди напред на патот на евроинтеграциите со прифаќање на францускиот предлог. Освен тоа, Петков додаде дека евентуалното разделување на Скопје и Тирана би било ужасно.

Advertisements

„Францускиот предлог е без преседан добар и овозможи позицијата на Бугарија да стане европска позиција. Она што се случува во моментов во Северна Македонија е дека им е многу тешко да ја прифатат таа позиција во овој момент, но она што треба да го знаат е дека Македонија, ако сака да се развива, европскиот пат е единствениот пат за таа држава. Би било страшно Албанија да продолжи по патот кон Европската Унија, а Македонија да заглави“, изјави Кирил Петков, премиер на Бугарија во оставка.

Претседателот Стево Пендаровски пак, во изјава за грчки медиум, повтори дека францускиот предлог е компромис, но со можни пречки понатаму. casino arab

„По 17 години чекање, конечно би ги започнале преговорите за членство и ова е најголемата придобивка од тоа. Но, по скрининг-процесот, постои предуслов за продолжување на преговорите, а тоа е амандманот со кој Бугарите мора да се внесат во македонскиот устав. كيفية لعب البوكر للمبتدئين Со оглед на актуелната политичка поделеност, шансите се многу мали дека која било партија ќе може да обезбеди 2/3 мнозинство во Парламентот што би ја поддржало таа уставна промена“, рече Стево Пендаровски, Претседател.

Пендаровски за грчкиот весник „Етнос“ изјави дека во моментов земјава се соочува со сериозна дезинформативна кампања од Русија, исто како во периодот кога беше актуелен Договорот од Преспа.

Францускиот предлог кој го содржи предлогот за преговарачка рамка на С Македонија со ЕУ, во форма на информација е веќе во собраниска процедура. موقع مراهنات Во понеделник пратеничките групи ќе одлучат кога ќе го разгледаат на пленарна седница./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button