ВЕСТИРЕГИОН

Петков го загуби мнозинството во Собранието

Со 125 гласови „за“, 113 „против“ и еден воздржан пратениците во бугарскиот парламент го разрешија Никола Минчев од функцијата претседател на Народното собрание, што значи дека премиерот Кирил Петков го загуби мнозинството. Премиерот Кирил Петков од говорницата рече дека Минчев е жртва на една нова коалиција која сега се формира од ГЕРБ, ДПС, Преродба и ИТН.

Advertisements

Според него, сите што гласале против Минчев јасно ставиле до знаење дека не им е грижа за оваа држава. Тој рече дека не се плаши од нови избори. До гласањето за нов претседател, со Собранието ќе раководи неговиот заменик – исто така од партијата на Петков. Гласањето за доверба на Владата е закажано за наредната недела.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button