МАКЕДОНИЈА

Петков: Нема потреба од француско посредништво, проблемите да ги решиме сами

Време е заедно, како две добрососедски држави, отворените прашања да ги решиме без ничија помош, вели во своето вклучување во емисијата „360 Степени“ на Алсат премиерот на Бугарија, Кирил Петков. Запрашан за став околу изјавата на францускиот претседател, Макрон, кој се понуди како олеснувач на дијалогот помеѓу двете земји, тој вели:

Advertisements

„Јас се надевам, а сигурен сум дека и властите во С Македонија тоа ќе го поддржат – време е ние заедно да ги решиме тие прашања и како две добрососедски држави кои меѓусебно се почитуваме, тоа да го направиме без ничија друга помош. Мислам дека политичката култура и подготвеноста да имаме добрососедство и конструктивност во сите теми…, не ни требаат посредници. Треба ние да си ја завршиме работата. Координацијата со европските партнери секогаш е добра, но проблемите треба да ги решат нашите две држави“, рече Петков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button