
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека одлуката на Русија за прекин на испораката на гас за Бугарија е уцена и дека Софија ги разгледува сите договори со Гаспром, вклучително и транзитот на руски гас, пренесува Труд24.
Предупредувањето на Русија да ја прекине испораката на гас за Бугарија поради барање за промена на шемата за плаќање е сериозно кршење на постоечкиот договор и претставува уцена, изјавил Петков.
Тој додаде дека Бугарија во моментов ги разгледува сите свои договори со Гаспром, вклучително и транзитот на руски гас, бидејќи „едностраната уцена не е прифатлива“.
Петков изјави дека разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која го уверила дека 27-члениот блок ќе има заеднички одговор на дејствијата на Русија.
Рускиот енергетски гигант Газпром утринава објави дека целосно ја прекинал испораката на гас за Бугарија и Полска бидејќи тие одбиле да го исплатат во рубљи за гасот што им бил доставен во април.
За одлуката на Газпром претходно денеска зборуваше и бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, кој на новинарите им рече дека Софија ги платила сите количини гас за април и дека руската компанија ќе го прекрши сегашниот договор доколку го запре протокот на гас.